четврт (прид.) - ден (имн.)

Четвртиот ден ја отвори вратата од плевната и во неа влезе, во рацете со копач и лопата, со бургија, со кламфи и клинови, со колци и токмаци и тука чиниш во земја пропадна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој три дена се молеше Богу во една пештера под самиот папок на светот, и кога четвртиот ден се качи на скалите, тие стоеја како да се закопани во каменот, во карпата Бехистунска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем три дена се молеше Богу во својата пештера и на четвртиот ден тргна вода голема од карпата, од Папокот на светот: вода студена, изворска, кладенец студен среде врела пустина!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Четвртиот ден Петре го беше пропуштил, така и петтиот, зашто манастирските чоеци не се согласуваа да останат без него крај сергијата, како без Петре ништо да не бидуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кон четвртиот ден веќе се доближив до нормата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Патуваа три дни, а на четвртиот ден видоа и сонце.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Четвртиот ден М не излезе да се прошета. Се плашеше од сенките кои може да ги фрли неговото тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На четвртиот ден, утрината се пуштија патроли кон Бугарите. Од по три војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)