И рибите во водата честит царе, да се камен, и птиците во седелата, примерно и орлите и сениците, не ќе можеме. Граѓа се нема.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Вака и вака, честит царе, и морињата ќе ги видиш. Царот скокнал, само што него нозете многу не го држат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зборувај Илјадници и илјадници години, честит царе, умираат луѓе и пцовисуваат секакви животни на земјава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дошол царцкиот син при царицата да види што родила и тие беа му рекле: - Ти биди жив, честити царе, оти сестра ни наместо дете ѕвездалија да роди, ти роди едно куче.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Детето што го врлија в море беше го кренал еден талаз, та беше го однесол на една ада и беше ги исврлил на суо.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Еве што марифет имаат - му рекле, - честит царе; шапкава да ја клааш на глаа никој не можи да те видит; опинциве да и обуеш, сета земја во дваесет и четири саати моиш да ја изодиш; со шупелкава да засвириш, сите ѓаоли можеш да 'и собереш; а со стапчево да намавнеш триста души наеднаш моиш да отепаш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Појдете сите тројца на онаа планина и сите веднаш затрчајте се: кој ќе дојди побрго, да си земи два ствара од што ќе го бендисат, а тој што ќе дојдет по него да земит од двата ствара пак што ќе го бендисат, а најпосле што ќе дојдит, најпоследнио ствар да го земит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Излегла како ѓоа ет многу уплашена. Збивајќим, му рекла: - Ов, јас сирота, што ме најде, честити царе!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)