Севда го имаше заборавено сонот како што обично соништата се забораваат, но сега зборовите на мајка ѝ ја потсетија на сонот што беше го сонувала и во мислите пред себе го виде вишнеењето како до в небо на оној чадлив оган, чадот во кој се гушеше силата на голем и опасен оган, со матна, отровна темна жолто-зеленикава боја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)