црн (прид.) - пластичен (прид.)

(Кристина станува. Оди со Јаков во круг. Пауза. Се отвора горниот капак. Се спушта Нове, со гас-маска и црна пластична пелерина. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кети сечеше танки резанки од големото парче сланина и ги редеше парчињата во големата челична тава со бакарно дно и црна пластична рачка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„... Отидов прво право дома, ја зедов пушката, ја ставив во една црна пластична вреќа, од тие едни за ѓубре што ги имам овде на работа, не заборавив да ја земам пачката со фишеци и, кој знае зошто, ама тогаш така ми текна, зедо и еден нож и така на критичниот дел се вратив овде во бифето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)