црн (прид.) - фустан (имн.)

Лесниот црн фустан беше соодветно краток и нежно ме галеше на голата кожа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Или, како Мадам Рада, во тесен црн фустан, на елегантен стол, во шолја кафе да плетам приказни, за што било и не било со акцент на иднината, која, патем, мора да им биде блескава, за сите да бидат среќни и весели.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Грчките четници — андартите — не беа голи и боси како „бугарските“; тие дојдоа испроменети во црни фустани, бели ѕиври, со букви на врвовите, а ќостезите на саатите, крстовите што ги носеа на гушите, ѕвечеа од сребро и злато, подресени со лири, обружени со куси синавери, тие изгледаа вистински евзони како на свадба или на гости да тргнале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ла вие ен росе, ла вие еен росе го слушав моќниот глас на Едит Пиаф, малото врапче во црн фустан...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тие, сите беа облечени во црни фустани и врзани со црни шамии.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)