Се наведна над лицето, замрзнато од леден, црн удар, и не најде ништо што мислеше дека ќе најде - еден свет на тој човек, едно движење во просторот на продуваното време, сѐ она за што му говорел тој во темните крчми: детска играчка на изгубеното чедо, тажен кловн со плачни очи во тоа барутно време, некакви Марии со црвени искри во коските.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)