Клепкам и не им верувам на очите: за железата се држат некои прсти, некои црни прсти. Прстите ги гледам, а човек не гледам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дланката ми се потеше. Божидар рамнодушно го позеде баждарот со црните прсти и го прецени со студен поглед.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Па да, и јас така нешто мислев, - вели бездарникот, па утот бесрамно си го става црното прсте на излупеното чело (таа проклета коса), - ете, сега, никако не може да си спомни, заколете го - не може да се сети или ако си спомни тоа е нешто што воопшто не го мислел.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Мажите, облечени како да беа од меѓусреде, некаде меѓу селото и градот, со капи обезличени од носење зашто ги ваделе од главите само кога оделе в црква, виткаа цигари меѓу црните прсти од црн тутун што труеше така што чадот од локомотивата се чинеше дека има шмек.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)