Еден дебел црн пајак стуткан на таванот возбудено и ја гледше голотијата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Имаше“, рече. „Имаше голем мозаик, со голем црн пајак, среде раскошна мрежа“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Застанав над непознатите ливчиња на отец Мида и погледот ми се збираше како цела вселена ставена во црно зрно, во црн пајак, сподобие грозно.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нешто ме глочкаше на папокот, и јас ја кренав маицата: видов дека на мојот папок стои црниот пајак од младоста, брошот на мојата баба; Јан Лудвик, очигледно беше дошол од циркусот, од белиот свет, да ми го врати црниот пајак, и откако го беше испил своето питие, ја беше запечатил чашата со пајакот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И, точно во центарот на пајажината, на она место каде сите нишки се спојуваа во точка една, лежеше огромен, колку две дланки црн пајак, со раширени нозе, со бел крст на грбот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Среде одајата, непознатиот нејзин градител, или пак, оној кој го донесол записот, на подот изобразил слика на огромен црн пајак, поставен точно во средина на пајажестата мрежа; среде пак грбог на пајакот имало едно бело крвче.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А тој ми рече: господине, имате нешто на маицата: Јас погледнав надолу, кон стомакот и се стаписав: на мене стоеше брошот на Луција, црниот пајак со златни нозе; се беше закачил со едната нога и висеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)