Жолтото месо на тутунот зацврче и умре во црна облека. „Морав, докторе. Простете“, погледна кон вратата Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но кога во востанието изгинаа безброј луѓе, селаните решија да ја менат носијата: во знак на жалост оттогаш па сѐ до денешен ден тие носат сосем црни облеки, а бели им останаа само кошулите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Натаму, на кај почетокот на композицијата, мешаница - не се знае дали некој нешто симнува или качува, дали некој кажува ова или она, се туркаат и надвикуваат, ама откако поминува човекот во црна облека сите молкнуваат, се стајуваат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)