Со издишувањето од црните ноздри чумата тогаш и огништата ги покривала со мраз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И можеби не само за тоа додека за миг се наднесуваше над мене и ги криеше со влакнестиот подбрадок и своите очи и птиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Си слушал ли како пред сто години Кукулино останало без човек, без коза, дури и без петел?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби се плашеше од тајната што ја очекуваше да ја впие со црните ноздри како мирис од засечена афионова чушка, тајна, за мене веќе помала од светот на рамностапалчестиот Марко Марикин и понезначајна од кошмарот во чии пени вријат крвави, распердушени и испокинати орли и штркови со очи црвени и слични на парче кора од печен рак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)