- Чисти се, бандо, инаку... Не најде збор со кој би ја завршил мислата и страшно мрдна со црните мустаќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нам ни чини голема чест да седнете во нашето друштво! - му одговорија двајцата непознати Турци.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Беше висок, со стамена става, со густи негувани црни мустаќи, со широко отворено чело.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Мераба, мераба, дервиш ефенди! - го отпоздрави Турчинот со засукани црни мустаќи.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Има чиста кожа со боја на непечено кафе и широки црни мустаќи што му се надвиснале над влажните усни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тргајќи се со два прста за остриот црн мустаќ ги дигна веѓите и одмавна со глава.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)