црн (прид.) - мермер (имн.)

И мрава ќе бидам, до века: мрава црна, што Господ не само што ја гледа во најцрна ноќ на црн мермер, туку го слуша и топотењето на нозете нејзини! ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ѝ го подигна највисокиот споменик во црн мермер, а покрај нејзината си ја залепи и својата фотографија, со годината на раѓање и цртичка за годината кога ќе ѝ се придружи на сестричката.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)