Ќе ми донесиш еден кравај восок, темјан, в'чки жили, од црна мачка ж'чката, конски муи тричетири, заечки лој, а нешчо јас ќе принајда.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Често пати кога ќе ги видам поклопените стрелки на часовникот, паѓам на суеверие дека во тој миг некој помислил на мене. Не е тоа суеверие, како пример за црните мачки.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Катран црната мачка и дроб - пијаниот Александар неколку минути се гледаа очи в очи.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
ФРОСА: Шуќур, шуќур кај не излегло на лошо. Црна мачка!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Пенчо појде кон нас и јас се сетив на нашиот договор - да фатам црна мачка и да му ја донесам кај автомобилот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ме погледна некако чудно: - Зошто ти е црна мачка?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Истрчав на улица размислувајќи како да му објаснам на Пенча дека црна мачка не можам да најдам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ама дали сум видел негде во улицата црна мачка?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Над Водно се таложеше сив облак, голема црна мачка што полека лази кон улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Не, не можам да му верувам на она што ме збунува – му велам на толкувачот на соништата од бараката број три.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Само вака можам да си го објаснам избегнувањето па дури и заобиколувањето на патеката или улицата по која врвам а пред мене ќе помине црна мачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Куклите се испоизгледаа како црни мачки пред сирење.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Еластична бар- дама, црна мачка во деколте, се доближува до Џо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Симптомите во сонот провоцираат:
лично гола, барам лек
црна мачка, мечка, кал, волна
валкано казание и унаказание
нечисти раце, колку за илустрација.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)