Од силниот напор сети мачнина, сепак продолжи со усните да ја шепоти тивката молитва, но полна со жар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нејзината светлост се провлече низ решетките на прозорецот, падна преку црната маса и простирајќи се по подот, се обиде да се прпне преку вратата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Низ широката врата од приодот со стреа за миг ја виде црната маса на бродот прикотвен во пристанот со осветлени пенџерчиња.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Езерото се бранува во сини и црни маси со бели шамичиња од пена. По него се точи снопот на зајдисонцето со запалени класје.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)