Стефанос е значително помлад од авторот, облечен во црни пантолони и црна кошула чии ракави често ги запрегнува од потреба да си ги покаже мускулите и јаде лакомо и изобилно.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Ако некој те праша зошто ја носиш свечената црна кошула, кажи дека ѝ е роденден на мајка ти или дека по завршувањето на смената треба за прв пат да излезеш со потенцијалната девојка.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тесните фармерки покажуваа добра фигура, а низ свилената црна кошула се оцртуваа нејзините крупни гради.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Марка вивадуче. Црните кошули продаваат се што имаат. безгрешни души. Гондолиери, гитаристи. малку?“ И извади од другиот џеб уште едно шише.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Црни кошули, црни чизми, црни сатенски панталони.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еве друго што ќе ви кажам: сестра ми Босилка седеше еден ден во двор на ругузината и си шиеше едно ѓерданче и од ругузината ѝ загина; по неколку дни невестата ми Неда седеше и таа во двор на ругузина и си везеше вдовичинска црна кошула, преденото со сета игла везарка и загина.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко, ѝ рекла, оти од узур ќе ми везеш црна кошула, сосила ќе ми се правиш ти вдовица; Силјан ни е на аџилак со дуовникот, а пак ти сосила сакаш да умре и да не дојде; гревота е, а ќерко, ова ти што го правиш; моли Бога за Господ да ни го донесе, не туку плачеш и жалиш.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Не беше вака ти, мајко, и ти, Недо, моја домаќинко?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Греота ет, а ќерко, ова ти што го прајш; моли Бога за Господ да ни го донесит, не туку плачиш и жалиш.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
По неколку дни невестата ми Неда седеше и таа во двор на ругузина и си везеше вдојчинцка црна кошула, преденото со сета игла везарка је загина.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Арно сторил тој што ти го зел клопчето, ќерко - је рекла - оти от узур ќе ми везиш црна кошула, сосила ќе ми се прајш ти вдојца; Силјан ни е на аџилак со дуовнико, а пак ти сосила сакаш да умрит и да не дојдит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)