Тие негови чести забелешки ме натераа директорот на гимназијата да го гледам како дибек во широко, црно палто и во риги црно-бели панталони: дибек - со окалки на остриот како молив нос под кој висеше правилен црн квадрат на светкави мустаки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Да се апелира на сите оние што се согласуваат со начелата на декларацијава. На 6 мај 1992 г., групата Ирвин и Мајкл Бенсон ја изведоа уметничката акција ЦРН КВАДРАТ НА ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД во која учествуваа: Н.Абалакова (Тот-арт), Д. Ариупин, М.Брезник, С.Бугаев (Африка), Чарлс, Е.Чуфер, Б.Еделман, Ф. Флек, Џ. Хартен, Ј. Калерова, В. Кесиќ, И. Кулик, Е. и В. Курландзев, Г. Куриерова, И. Смирнова, К. Чувашев, К. Турчина и Д. Живадинов.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во мракот, пред затворените очи, ми излегуваа немилите лица на професорите - дибек со црно палто и црн квадрат по остриот нос, безначајна нула со златно синџирче преку елекот, полуостров што прилега на чизма, потоа огромен нос, што дува во белите дланки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)