Десно - прошарена со црни дамки и стегната во снегот - бучи и зарикнува боровата шума.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогаш во центарот на виножитото се појави црна дамка која со отворена уста почна да ги голта сите бои, една по една.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Куќите им ги запечатуваше и им ги обележуваше со црна дамка - чумин знак.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Најчесто незапеглани, и со понекоја црна дамка од кафе.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
На површината на свеста пливаа уште само црните дамки на заканата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јагнето имаше црна дамка на челото, црно опавче, па лесно можеше да се разликува од другите јагниња.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Тој настан е наречен црна дамка во историјата на англиската полиција.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оп, нешто ми засенчи како црна дамка високо на небото над оваа планината наша.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Белка е сосема бела, Сталинка, односно Слободанка, е бела со кафеав врат, и Грда е бела, со црни дамки. – Учество во Народно Ослободителната Борба? – изусти расеано службеникот. – Какво учество, бе магаре, во војната. Козите не се луѓе? – го прекори шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)