црн (прид.) - вода (имн.)

Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Значи, овие црни водје ќе истечат, ќе се избистри водата, - му велам на Турчинот и при тоа чуствувам некој радосен подем во градите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По нив како одронет брег се тркалаше црната вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Мамо, слушај колку провокативно: - Според жителите на Батинци кога депонијата работела со полн капацитет буквално црна вода од потокот завршувала во Маркова Река...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тие кои можеа да одат, одеа горе по тесните и разлулани скали исплашени дека ќе паднат во црната вода што клокотеше под нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)