црн (прид.) - брада (имн.)

И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој мариовец носи волкава брада? — и му се обрна на Тодора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се наведе пред него, го фати за големата црна брада и почна да му ја тресе главата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
10. Најпосле остана Толе сам да „пашува“ по неговиот „пашалук“ — старо Мариово, со своите арамии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја си го гледам даскалакот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа беше новиот учител во Ново Село, Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И двајцата ги раширија рацете и се прегрнаа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На дрвено миндерче седеше човек, со долга црна брада.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Даме ја почеша долгата црна брада и им одговори: - Простете, ама не барајте си ја бељата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Среде софрата седна човек со убави мустаќи и долга густа црна брада. Тоа беше штипскиот учител Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И таму еден човек. Еден во вратот како бик, со едни ножишта како клади, зараснат во катран црна брада, се излежува во мојот мртовечки сандак што не бил сандак туку бил мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Црната брада му го нагласуваше ликот како на дух, и слабата светлина на неговте очи сега личеше на слепило, тие сега се губеа многу подлабоко под густите веѓи. Личеше на преправен човек со маска.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Попот ги кадел момчињата со темјан додека црната брада страшно му штркнувала на сите страни, потоа првиот го поел со старо вино во кое настругал сив корен од линцура, а на другиот со капки маслинов зејтин во кои со години чувал пелин и рициново семе му извлекол од увото мртов црв или дрвеница или болва, сега е сосема сеедно синовите на бегот можеле пак да трчаат по полето и по стрмништата да вадат јајца од еребици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Излегувајќи, веднаш пред вратата, таа се судрува со Ревшин, кој отпрвин може само да се слуша, потоа и се појавува: кривулест, со црна брадичка, густи веѓи како мустаќи, конте.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Италијанецот имаше мала црна брадичка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)