црн (прид.) - берза (имн.)

Од брашното што го добивавме со социјалистичките купони, но и од црната берза, Мајка, според рецептите од гастрономскиот дел на Ла Ринашенте, ја дополнуваше својата балканска симфонија во развлекувањето на тестото, во дотогаш за нас невидени форми на макарони, лазањи, равиоли, дополнувајќи ги со сокот од доматите кои ги одгледуваше во градината во која садеше босилек, но и каранфили и трендафили.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Некои луѓе во градот тргуваат. Црната берза работи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Вчера? Да, вчера, кога ти раснеа акциите на црна берза, ферштензи?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога тој му понуди служба, гордо одби, а вечерта го посети својот брат и му рече со развлечени усни: работев на црна берза и тргував со италијанска стока и пак сега сакам да јадам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)