црн (прид.) - барут (имн.)

Од експлозиви располагаме со: малодимен барут, црн барут, живин фулминат, оловен азид, тротил, каментит, витезит и трицинат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А Живко го тешеше: тоа е зрно црн пипер а не сачма за крупен дивеч, може да ти замени пломба на заб; тоа ти е терзиски конец, а не врвца за опинок, можеш да ја џвакаш ама не и да ја голташ; тоа е дафинов лист, а не еврејска кожа, можеш да го исплукаш и да го залепиш на слепоочник од урок; тоа е говедско, а не биволско, сечкано, а не мелено, ако ти е тврдо тоа е од бутот, а не од плешката; тоа е малку свинско, а не од крмак, да ти омекне на жлебината, ако не ти пречи на верата; се ставаат и други мевца, од телешки до јагнешки, ама по малку, башка од тоа тие се топат; некои ставаат и месо од мечка, тоа е црно, овде го нема, ама на ширденот му дава посебен шмек на дивина; а тоа ти е обичен лут пипер, а не црн барут, можеш да се закашлаш ама нема да експлодираш, гарантирано. Маде ин Прилеп.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беа тоа едни големи фишеци, полни со црн барут и со една затка мечкин лој меѓу барутот и зрното, направено од чисто олово.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)