црн (прид.) - Ѓуптин (имн.)

Јас су решила црн Ѓуптин да зема, вдовица до векот нема да седа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако знае човек да ѝ го заврти умот, ќе ја кандиса и за слеп сиромав, и за црн Ѓуптин да тргне; ако не знае, и бег да ѝ се врти, ќе го направи мат и маскара и не оди!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Коа тој шо рекол лели имам женска челад и со црниот Ѓуптин може да се сосвата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И затоа и нејзе и беше стемнето пред очи, та не Илко ’рслан човек, ами црниот Ѓуптин Марко да ја побараше, ќе одеше, само и само на свое да седне, на свое да легне, од свое да касне и се напие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)