црвеникав (прид.) - одблесок (имн.)

Голите гранки, украсени со капки од магла, кондензирана врз нив, светкаа со црвеникав одблесок, небаре некаква внатрешна светлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)