црвен (прид.) - од (предл.)

Професорот Роберт седна, црвен од збунетоста која преоѓаше во бес.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Накачил еднаш црна Арапина, накачил горе трло Ѓурчиново: „Дајте, овчари, јагне печено, јагне печено, уште сугарче, пресна погача од невеста месена, вино црвено од три години, лута ракија - препеченица“. Овчари кротки сѐ му дадое.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му ги подава на чичкото и вели: - Поздравете го вашиот Ванчо. Со белава од мене, со црвенава од Златко.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но каква смисла можеше да има оваа споредба можеше да се види подоцна кога ги открив во Сиди Дауд туноловците со древната матанѕа кои со инстинктивен нагон за владеење со големи метални прачки до бесвест ги убиваа заробените џиновски туни, чија мазна синосребреникава кожа стануваше црвена од крвта која ја менуваше бојата на морето во делот притеснет за масакрот?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Книгата го предизвика моето внимание во времето меѓу падот на врховниот борец Хабиб Бургиба, кој бездруго имаше тиранско-фараонски амбиции и архаичниот лов матанѕа на туните, на една од последните станици од нивниот медитерански свадбен пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со белава од мене, со црвенава од Златко. Чичкото ги зема китките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)