црвен (прид.) - фенер (имн.)

Пред едно од кафулињата во улицата на црвените фенери застана чамец и од него уште неизлезен Вермер нарача капучино со многу пена и малку шеќер
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Млекарката излезе од платното и претрча до најблискиот киоск да си купи влажни марамчиња, да ѝ се најдат, ако, не дај боже, ѝ засолзат очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)