црвен (прид.) - роза (имн.)

Зарем дури сега, на овие години, треба да ти се објаснува дека среќата е најдолговечна кога човек мижи во занес и дека светот е полн боцки отпаднати од џиш црвени рози?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сите, и старците, и бабите, и децата беа закитени со кивчиња од џунџуле и босилек, ги носеа на капите, на дартмите, во косите над десното уво, на облеката на градите, а чупите на главите носеа венчиња од малиново дрво и полски каранфили и во рацете црвени рози.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Според веќе познатиот ритуал, Мајка му ја отвори капијата, го прими убавиот букет со црвени рози, сега подготвено му ја пружи раката на Камилски за да ја бакне.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше среќна што најпосле завршуваше мисијата на обајцата во потрагата на османските заемки, верувајќи дека најпосле ќе се свртат кон покорисни работи во куќите и семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доминираа најомилените цвеќиња на Рада, црвените рози.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Шаторот во кампот во Емона да го накити со црвени рози.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кабинетот на Виктор беше украсен со вкус на аранжер, а на сите страни доминираа црвените рози.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На срцето сплетено од балони доминираа црвените рози, омиленото цвеќе на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Конечно процвета и мирисниот лилјан опкружен од црвените рози на страста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред нејзините очи беше распослана огромен букет црвени рози.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дозволи ѝ на црвената роза да ни ја дарува страста и повторно да процвета...“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неколку минути Симона пливаше во базенот. Потоа ѝ пријде еден набилдан дечко, со избричана глава и тетоважа на симболот на гардата на десното рамо – црвена роза пресечена од златно – жолта крива сабја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ги истрижа Бојана и Александар на единица, им стави привремени тетоважи на пресечена црвена роза со златна сабја и им ги снабди со симболот на владеењето на Стојан – електричен пендрек.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Десното рамо ѝ беше истетовирано: Златно-жолтата крива сабја грубо ја сечеше црвената роза на два дела.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Најмногу ми се бендиса една црвена роза и под неа текстот: -Не барај од животот со многу рози да ти ја постеле патеката; ќе остане многу трње откако розите ќе овенат...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Над влезната порта венче од детски солзи му пркоси на законот на гравитацијата среде бело венче ѕвони бело ѕвонче бели коњи со распавтани бели сни и занданите имаат облик - бела ѕвезда бело насмеана со опашка од бела роза бели галежи на бела свила од првата ноќ до последната бела виделина бел садник од рози во срцето - осаменоста ја скорива љубовта гнетот го скорива гневот бело варосани ѕидови во нив светлината жртва заѕидана врела голтка запрена среде суво грло и смртта тука имала бела боја и многу сакала да гушка листиња од црвени рози.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
По должината на улицата на која излеговме, низ расцутените редови црвени рози засадени по рабовите на двата тротоара, денот се растураше од убавина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)