На плоштадот на револуцијата во Москва гладта доаѓа катаден кога е ручек време доаѓа како на волшебно килимче на лепче намачкано со маст и црвен пипер доаѓа и се клешти како гласник на светските промени се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Другиот ден, пред самиот ручек, ќе го симне грнецот од оган, ќе го извади поклопот, ќе му тури потпршка, троа брашенце и црвена пипер, и - ете ти јадење од кое немаа најаска силниците кои доаѓаа, божем по работа, уште одвечер во Потковицата и заповеда да им се зготви утре за ручек чомлек.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Освен суви пиперки, нотец и малку нане ништо друго во него не се клава, а се потпржува со троа кромид и црвена пипер, без брашно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога весело викаа: „Бабо, бабооо! Ајде, дај ми од она нашето.“ - А баба Ѓурѓа знаеше дека е тоа парче сомун намачкан со свинска маст и посолено со црвен пипер. Тоа беше нивната гозба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие останаа суви како барут, ама запалени од лутина и бес, ѓоа крмаз и црвен пипер ги поросиле.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По дрвени клинови, по шајки исковани по штиците и диреците, висеа везеници црвен пипер, лук, кромид, врзопки од некакви суви, лековити треви од кои дедо му си вареше чаеви.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ви мачкавме маст со црвен пипер, со Крсто и Крстејца, старите ваши, бог да ги прости. Сега се испоганивте.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Од една кошница таа вадеше парчиња леб намачкани со маст, нане и црвен пипер и им ги подаваше на децата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Од црвениот петел ништо не видовме, освен црвениот пипер.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)