црвен (прид.) - пеперуга (имн.)

Затоа и го беше ангажирала Ване од Осоговските села да ја следи и да внимава на црвената пеперуга.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку не е лага дека таа се плашеше оти пеперугата ненајавено може да одлета.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Неговото стражараење траеше од моментот на будењето па сѐ до првиот мрак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во левата рака држи маче, направено од црно кадифе, со црвена пеперуга на вратот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие денови, кога Загорка Пеперутката ја носеше во косата најголемата црвена пеперуга што некогаш ја видел светот, беа некако чудно пролетни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доаѓате сите вие Со црвени пеперуги на усните За исцелување од гревови Со лути змии во табаните Што ве носат на погрешни места.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)