црвен (прид.) - образ (имн.)

Збунети, со црвени образи, осамените срца се погледнуваа меѓу себе, секој со своја комбинација во сменувањето на буквите со конкретни имиња.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На една од средето и ја поткрена главата и ја потштипна по црвениот образ; на друга во другата редица и ја разбушави косата; третата ја фати со двата прста за срменото коланче и ја позаниша, а последното, најмладото од сите го плесна по образите со двете раце и му го поткрена брадулето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако излезе со задникот напред, што значи предавнички, може некој заскитан куршум да го погоди во дебелите меса, но со тоа ќе може накако да се преживее во надеж дека оловото нема да му се препознава во црвениот образ.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)