Не помогна ниту црвениот конец во плетенка со кој го заобиколуваше говедарскиот камен во Свети Николе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од ножот на неговиот грб се спуштил црвен конец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На неа видов пафти сребрени, пари од разни времиња и владетели и вез рачно везен со црвен конец на бело платно...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги стави иглата и конецот помеѓу својот и мојот поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Болката во месото на неговите пет вретена предеше црвени кончиња. Крвавата преѓа се затегнуваше и прскаше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Рајнер отиде до еден од аглите, се наведна, ја спушти раката и од подот зеде игла во која беше вденат црвен конец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)