Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ќе си ја употреби капата како мрежа, црвената капа на која пишува Wyoming Cenenial 1990.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сите тие подаваа пари со трепетливи раце а по некои мрдаа со усните божем читаа молитва. Црвената капа отежна као ќесе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Без да ја крева главата, без да фрла опул во нив, Пелагија знае дека тука е шефот на станицата, добриот човек со црвената капа и белата лопатка, учениците што треба да го завршуваат последниот клас, а според сенката што се мернува пред нејзините очи и здрвената снага на старецот, тука треба да е и Танаско!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се појави едно мало, сосем мали џуџе, со долга брада и црвена капа со бели точки.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Додека да ја повлечат пастрмката и да ја испијат текилата, ќе се стемни.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од овие мисли го оттргна запирањето на возот, извикот на дежурниот железничар со црвена капа: Paris Gаrе de Lyon!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секундите ќе се оддолжат, минутите ќе продолжат во едно попладне, а никој не ќе води сметка за времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)