Кога душа излагаше, Милева и говореше: „Ој другари, Косовари, мене да ме не жалите, ја погинав за слобода.“ с. Црвена вода, Дебарца Зора се зори, слнце угреа, мајките плачат, сестрите жалат, Стојна - Стојанка брата не жали.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
На 5 октомври 1943 година мисијата Mulligatawny пристигнала во Црвена Вода каде се наоѓале Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и ѝ се придружиле на мисијата Monkeywrench која претходните денови пристигнала при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Светкавици ко да беа во мракот од струежот на црвените води во моментот кога амор нѐ зближи...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел, ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собере во клопче, над очите ми испушти темен превез. Таму каде што шумат боровите, таму каде шумолењето на птиците во моето тело буеја, застана тој скитник на мостот, од бучните црвени води, застана таму каде отчукнува, ѕвоното на мојот живот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
10. Се довлечка тој некаде од мракот како волк пратен од темната рака на времето и издлаби во тебе длабнатинка црна полна со црвена вода што те поплави А ти не го чу не го чу и како да го чуеш во тоа итање и во таа радост што само иловицата на стиховите ја познава Не го чу не го чу не го чу и никој не те виде
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)