црвен (прид.) - виза (имн.)

Неочекувано брзо ја добив албанската црвена виза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка неколку дена порано, отколку што предвидуваше нејзината албанска црвена виза, визата на враќањето, ја напушташе родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дојде, кутрата, на за­копот на нашиот најстар брат, само така можеше да ја добие црвената виза за да го мине балканскиот ѕид кој Мајка го мина со иста таква виза, пред многу години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ништо не можеше да ја одврати од намерата да ја мине границата, да го оствари судбинското враќање во родната земја, откако стигна црвената виза, токму на денот кога таа наполни 70 години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се ближеше 70–тата година од нејзиниот живот, една година по смртта на брата си, ја доби црвената виза за патување барем до неговиот гроб...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка попусто ја очекуваше црвената виза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа ја имаше минато седумдесеттата година и, бидејќи беше сме­тана за безопасна за режимот преку границата, можеше, најпосле, да ја добие црвената виза на режимот на сталини­стичка Албанија што ја бараше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)