Ме прашаа дали сум ја плеснал по задникот, во еуфорија, поради успехот на мојата циркуска точка, госпоѓицата Луција П.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Всушност неочекувано ми се прикажа како во филмски кадар дека Пачев е хирургот кој дошол да го размрси јазелот на спомнатата незгода на атлетичарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И покрај сите вакви збунувачки размисли, за нас смртта не е веќе она што претставувала за татко ми оној ден кога го пронашол својот помал брат во сенката на една од крушите кај Желкин рид потпрен со грбот на стеблото на престарената круша и со матарка вода во раката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку, за да навратам на таа циркуска точка најмногу придонесе неочекуваното вплеткување во неа на доктор Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како на оние циркуски точки на маѓосникот, кога ќе ни ја донесе водата до усните па ние дури и сладоста ќе и ја почувствуваме иако водата никогаш не втасува до грлото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но знам дека ме прашаа: дали навистина, во една прилика, кога сум изведувал некоја циркуска точка во гимнастичката сала, сум рекол: „Нека ми се качи на скалите така, ако може, твојот здрав народен дух“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Дали е вистина дека сте изведувале циркуска точка во циркусот, пред некој ден, без да побарате одобрение од училиштето?“ праша Луција. „Да“, реков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)