цигански (прид.) - лето (имн.)

„Ех, барем малку да заврне, да разлади! Ова циганско лето нема крај“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се отргнува на сонот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се оттргнуваа на сонот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Рада и Томо вљубени не ги отплетуваа рацете впивајќи ја пријатната топлина на циганското лето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Слободна сум како птица сѐ до почетокот на циганското лето. - Ѝ одговори Рада на другиот крај од жицата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)