централен (прид.) - улица (имн.)

Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ова е полошо дури и од Америка, ми вели еден човек на кого случајно наидов на централната улица во градот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Имено, според раскажувањето на тамошните жители, еден ден, на една од централните улици во градот, се појавил свирач на саксофон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)