Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Сретен Јаворов, го зазеде централното место, со Трим Тоска на десната, а со Јагулче Дримски на левата страна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во централното место на колекцијата беше експонатот за патот на јагулите, од Езерото до Саргаското Море и назад, со макетата на далјанот, со препарираните јагули, фатени на заминување и враќање, со сите показни индикации за нивната миграција.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој, сепак, го купи овој роман, подоцна на голема радост на Татко и оваа книга ќе заземе централно место во книгата за јаничарите во еден рафт од неговата библиотека враќајќи му ја надежта сепак да продолжи да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, доколку вистински во контекстот на книгата го промисли јаничаризмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Централното место на изложбата беше „Портретот на Непознатиот“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Она што тогаш важело за Врање, отсекогаш важело за сите градови на Балканот, а и пошироко: божјаците посеани по патишатата и улиците или седнати пред црквите на Европа се главната „споредна иконографија“ и едно од централните места на христијанската ера.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)