централен (прид.) - власт (имн.)

Впрочем, тоа беше во склад со турските закони: сите имоти, сета земја, освен баштината, правото над неа се докажуваше со тапија, беше сопственост на државата, на централната власт, а на сето тоа врховни господари султаните: според својата волја и заслугите на другите делеа и одземаа имоти.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој сосема отворено им укажал на присутните за очебијните чекори кои се преземале од Македонија “за разлабавување на централната власт“ и неговата неодмерена констатација дека “секој си ја чува својата прчварница, а не гледа дека ни е неопходна цврста власт во Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
149. Српскиот цар Урош (1355-1371) владее во времето на интензивното распаѓање на оваа веќе разединета феудална држава; неговата смрт го означи крајот и на привидната централна власт на државата. 150.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На македонската централна власт најдолго се противеле горномакедонските племиња Линкести и Пајонци, поради што Аргеадите морале да го разурнат градот Амидон.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ајдутството посебно се засилило од средината на ЏVI век, кога османлиската моќ започнала да опаѓа, да се распаѓа тимарско-спахискиот систем, да слабее дисциплината спрема централната власт и кога положбата на немуслиманското население станувала се потешка.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со текот на времето името Македонија добило политичко-географско значење и ја означувало не само земјата туку македонската држава и сродните племиња кои со јакнењето на централната власт постепено ќе бидат вклучени во државата на Аргеадите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На многумина уште не им е јасно што фактички значи федерацијата во целина за нашата земја и за различните народи посебно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)