Одржувањето на Второто заседание на АСНОМ (28-30 XII 1944) се совпаднало со активностите на македонското политичко и воено раководство на отстапување од политиката на централната влада во Белград.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Неговото присуство како и присуството на другите претставници од Србија како да имало една единствена цел: давање целосна поддршка на политиката на централната влада во Белград и игнорирање на македонските национални интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сите говорници и дискутанти во однос на рефератот на Президиумот на АСНОМ: Методија Андонов-Ченто, Едвард Кардељ, Светозар Вукмановиќ-Темпо и другите, со целиот свој жар, ја манифестирале приврзаноста на Македонија кон југословенската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На многумина уште не им е јасно што фактички значи федерацијата во целина за нашата земја и за различните народи посебно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Нивното присуство било со една единствена цел: давање целосна поддршка на политиката на централната влада во Белград со игнорирање на македонските национални интереси.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)