целосен (прид.) - увид (имн.)

Не е во состојба, кутриот, ни да ги допре а камоли да ги сфати задскриените намери и невидливо бојадисаните постапки на насмевнатата секретарка која без да ползи туку само со неколку одмерени скокови се најде на она место од каде сега има целосен увид во сите позначајни случувања во установава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во ситуација кога ГШ на НОВ и ПО на Македонија немал целосен увид во она што се случува на оваа територија ГШ донел решение со сите единици да излезе од поширокиот обрач кој го формирал бугарскиот окупатор.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Велам, работата со жените ми стана интересна и целиот се внесов во неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Едната свртуваше кај нас, под контрола на Лилица, а со целосен увид на Круме Волнаровски, другата се вливаше кај Шефот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од осматрачницата се гледаше целиот двор, оградата, главниот објект, ресторанот, магацините, но директно свртена кон влезот во дворот на Центарот, таа обезбедуваше целосен увид на движењата во тој дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
До сите нив стигнала пораката, лично од Водачот, на Татко, како на надворешен соработник на Институтот за национална историја, да му се овозможи целосен увид во сите документи и да им се излезе во пресрет на сите негови барања во врска со нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)