целосен (прид.) - тишина (имн.)

Долго време музиката на маршот му го потиснуваше сонот, ги движеше мислите, но кога дијамантската игла врз плочата го означи крајот на маршот на славниот Бетовен и настапи целосна тишина во просторот, Климент Камилски беше веќе заспан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трим Тоска раководеше со седницата. - А сега, - се огласи секретарот откако надвладеа целосна тишина, - му давам збор на другарот Сретен Јаворов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И тогаш, за време на една целосна тишина, прекинувана само од тупкањето на задната нога на ловџиското куче, кое се бореше со некоја пакосна болва, Сем нежно и внимателно ја врза својата гитара преку седлото и ја стави над кабаницата и капутот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секако дека знаете за трубадурите. Енциклопедиите велат дека биле во процут меѓу единаесеттиот и тринаесеттиот век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи во 23 часот ќе почне нашиот напад- јуриш на Гинова со единици на 16-та дивизија, кои во целосна тишина, со ползење се доближуваат до целта и во договореното време со изненадувачки скок и со употреба на рачни гранати, нож, штик и тупаници, а ако има потреба и со панцерфауст, се нафрлуваат врз противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)