целосен (прид.) - сигурност (имн.)

Во моментот јас од родословното стебло, знаев по нешто сѐ до предокот Никола Поцо, дека се работело за моќно и старо стебло, но со целосна сигурност можев да зборувам само за последните колена, дека, на пример, дедо ми по татко се викал Стефан, а по мајка Славко и дека татко му на Стефан, мојот прадедо, се викал Митре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Може дури да се гарантира дека секој, сакајќи им мир на своите деца и роднини, и ним ќе им влева почитување за мислењето што господари и, на тој начин, благодетните последици на таа преземена мера ќе се одразат не само врз современиците, но дури и врз најдалечното потомство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Познавајќи го човековото срце и коренитите особини на рускиот народ можам со целосна сигурност да гарантирам за правичноста на сите мои заклучоци.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)