На крај без престан дрдореше, и дење и ноќе, а целата улица татнеше од врисоците на батката да замолчи, додека го тепаше со тупаници и му набиваше свеќи, но ништо не помогна, па газот му рече: “На крајот ти ќе замолчиш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таа пивтија научниците ја викаат Неидентификувано Ткиво, кое може да расте на било кој дел од човечкото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На куќичката каде што се произведувала колонската вода бил ставен бројот „4771“ по кој подоцна целата улица била обележана со овој број.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тие беа цело стадо, а за нив се грижела целата улица во која беше мојот хотел.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Одеднаш целата улица се вознемири.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Да знаеш нема да биде моја вина ако старата зграда „Победа“ ја нема најголемата китка од знамиња во целата улица. Ми вети два долара.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По куќите се вееја знамиња, кои сега како да беа уште поголеми и ја исполнуваа целата улица со чудна свеченост.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Трајче беше најнечистото дете во целата улица, а можеше да се рече и во целото училиште.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Од покривот на нашата куќа, на кој се префрлував од балконот, можев да ја видам целата улица, а кога ќе легнев на него останував скриен и за ѓаволот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Оваа моја одмазда се разнесе низ целата улица а кога допре до Црните браќа тие се восхитија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Најпосле стигнуваме... Тука е! Ми го покажува својот дом, една куќичка на дното на градината... Неговата дупка на вториот кат...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не се осмелував да се пожалам на уморот... ама сепак не стоев на нозе... Се држев за оградата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„ Ја поминавме со вујко ми целата улица „Пирамид”...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сега облекуваше спортски чевли кога тргнуваше на прошетка зашто инаку, кога би носел чевли со цврсти ѓонови, би го следеле пците-скитници со своето лаење долж сиот пат, би се палеле светлата на прозорците од каде би се јавувале разни лица, и целата улица би била вчудовидена штом би видела едно- единствено лице што талка низ празната улица.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Џозеф бавно тргна. Се осврнуваше долж целата улица, погледнувајќи наназад.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)