цел (прид.) - соба (имн.)

До почетокот на 1963. делот од мојата куќа што го користев како ателје беше во тотален хаос.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Платната се наоѓаа низ целата соба, додека бојата течеше секаде наоколу.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом се преселив, одлучив да побарам некој помошник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се раскрилуваат кон китките, целата соба е плава ливада.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Ја држеше ламбата високо крената, за да ја осветли целата соба и во топлата нејасна светлина местото изгледаше необично привлечно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова продолжува се додека целата соба не се исполни со колци.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ако машината може да се опише само „екстраспективно”, тогаш ние би требало да гледаме на компјутерот кој извршува програм - што е всушност целата соба - како агенс кој има гледиште, а тогаш интуициската пумпа на Searle се крши.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
На масата пред мене, заради ваквите цртежи исцртувани во часовите на немоќ за јасна мисла и точен збор, се собираа купишта листови и сето тоа подоцна ми создаваше дразба, некој вид иритација, а на целата соба тие чкртаници ѝ даваа изглед на растуреност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А целата соба мирисаше на радост. И на мусака!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама, кога ќе погледнам кон детето, како го поткрева мешето, како си дише накусо, мислам целата соба мириса на јоргован.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ах! Море! да не се воздржував!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само по неколку отсвирени ноти тој почна силно да вибрира, со едно гласно „бум” се распадна, и илјадници мали парчиња ја прекрија целата соба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не треба да ви кажам дека и плочата беше потполно растурена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ја преминува пак целата соба...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Ах! што? ми вика така...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)