цел (прид.) - снага (имн.)

Кога Доста рече „да втасаме порано дома“ по целата снага трпки ѝ поминаа, па си помисли во себе: „Ех, сполајмити, бре боженце, оти и за мене имало „дома" да ме прибере.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. Не можеше да го дочека ѓезвето да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. Му ги избакна рацете и му благодари за големиот подарок кој утринава ѝ го вети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога се движеше, како да ѝ крцкаше по безброј зглопчиња целата снага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ми навираат под кожата и ме чешаат по целата снага. Да сум заљубена, тешко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Очите ми се наполнија со солзи радосници и топлина ми протече по целата снага.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Огромни чудовишта ме газеа и гореа по целата снага.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како да ме лазат бубачки по целата снага, во полусон посебно ги чувствувам. Како да ми пливаат во крвта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сеќавав како ми се тресат усните и целата снага.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Така е, вели кумата и врти со очите, целата снага ја врти во облеката своја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми подрипнува и срцето, целата снага.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Притоа, додека го чекаше, тој немаше ниедна друга мисла, не мислеше дури ни на тоа, што значеше за него еден таков среќен лов; беше само еден благ трпнеж задоволство, што се раѓаше во неговата рака и во неговото рамо и му се ширеше по целата снага, обземајќи го сиот во своите топли бранувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата снага ѝ се наежави од некакви ситни зрнца што ѝ се растрчаа по кожата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ване инстинктивно се поттргна и почувствува како кожата му се наежува по целата снага, не од студенилото на пивото ни од свежината на ноќта, туку од помислата дека ќе треба да сподели некоја тајна, која којзнае во што можеше да го вовлече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ѕвонарот ги отфрли очите, ќе му паднеа како отпуштени петлици, си го протри челото, целата снага сигурно му гореше, мајко моја, тој не веруваше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Откоа ји ислуша тие зборои бабата од чоеко, се планоса сирота баба и од кај што не знаеше и неќеше да колни, се напраи да колни.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така куртулисал пустиот богат од тие проклети пердуи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бидејќи праведна си била бабата, ја послушала Богоројца и го накажала богатио; сите пердуи од кокошката беше му никнале по сурато и по целата снага.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И цела снага ми чука. Леле, ќе припаднам, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цела снага ти ја јавнал. Никаде и никако не можеш да се одбраниш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сета сум сневидена, цела снага ми трпне од нешто како страв и умора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го сонуваше отец Лаврентиј: еве го, сам на вечерна ги лови буквите во воздух, додека силен ветер ги позема и ги дува накај езерото, на сите страни на светот, околу големата вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И виде библиотекарот Филип Филиповски: лето е, 918 година, а по пустите падини на Источна Македонија ита во претсмртен час отец Лаврентиј, во искината мантија, кон Бело Езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доаѓаа лекари, му даваа инјекции од кои му доаѓаше сон на очи и целата снага му снеможуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)