Ете, по тие причини полагаа право Полчивци на оваа земја, а на Дунчани им беше двор, и стотина години се караа, та дури и жртви даваа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Истовремено од југ, од насоките на селата Косинец, Лабаница и Смрдеш и од север, од Клештина, долж грчко-македонската граница во насока на Герман, иако со голем загуби, владината војска прави напори да го затвори патот за отстапување, преминување во Албанија и со тоа земање во силно стегнат обрач на сите единици на ДАГ од целиот реон на Вичо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Власта ја иследила оваа работа, го изгорела Лисиче, ги истепала селаните, ги преселила децата и жените, а за судските трошоци го продала целиот реон од Лисиче (Раково и Рамништето) на Полчивци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)