- Да живее новиот шитски поредок и петтата колонија Суруш - извика Дулитл - Шитскиот поредок ќе живее, но шо ќе праиме ако цела раја ни изумре.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Разбојниците од ден на ден, од година на година, се посилни и подрски стануваат и на нивниот пример се угледуваат и други соседи, така што претстои опасност целата раја во овој дел од големата царштина да се зарази со нивната дрскост.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)