На друго место Зонтаг се обидува да ја застапува каузата на стилот, тврдејќи дека покудата на стилот како чисто „декоративен“ е, на крајот на краиштата, политичка: „служи за остварување на одредени интелектуални цели и лични интереси“.209А во „Белешки за кампот“, Зонтаг согледува дека „целата поента на Кампот е да го растоличи сериозното“.210 Но, сето ова го прави уште побизарно нејзиното тврдење дека кампот е деполитизиран или барем аполитичен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навистина, целата поента на политиката на геј-идентитетот е да се спречат луѓето (вклучително и нас самите) да поставуваат премногу незгодни и прељубопитни прашања за она што ни се случува во внатрешниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)