Цела планина да ја запалиш не можеш да собереш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А тоа, дека ноќе, се слуша којзнае до каде. Мислиш цела планина се урива.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после само да трчам, низ цела планина сум трчала и сум викала.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Изрипуваат јазовци, срни и зајаци, кршкаат меѓу дрвјата, цела планина се преселува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако треба целата планина ќе ја изораме и ќе ја кренеме на раце.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стануваме грч, Станува скок, Цела планина прескакаме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)