Сепак, за нашата епоха е својствено тоа што во мигот кога фонетизацијата на писмото - историското потекло и структуралната можност на философијата како наука, услов за epistémѐ - настојува да ја освои светската култура2, науката повеќе не може да се задоволи со неа во ниедно од своите напреднати подрачја.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ниту пак врз она кое ние ќе го нарекуваме логоцентризам: метафизиката на фонетското писмо (на пример, на алфабетот), која, во основа, - од таинствени, но суштински причини, недостапни за еден обичен историски релативизам, - беше само најизворен и најмоќен етноцентризам, денес оди кон тоа да се наметне на целата планета, наложувајќи ги, во еден и ист поредок: 1. поимот на писмото, во еден свет во кој фонетизацијата на писмото треба, продуцирајќи се, да ја прикрива сопствената историја;
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На тој начин неговата уметност станува дел од една глобална мрежа на уметнички комуникации (mail- art network) која претставува, би можеле да речеме, едно посебно уметничко дело, една пулсирачка духовна творба која ја опфаќа целата планета.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Парадоксот беше во тоа: тие, надвор од циркусот имаа сѐ, ја имаа целата планета, милиони и милиони квадратни километри; ние, во циркусот имавме круг со радиус од одвај дваесет метри, а сепак го имавме целиот свет (сум пресметал дека, според формулата πr2, тоа е само површина од 1256м2.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го познавав и неговиот претходник, амбасадорот Петер Себастијан, кој ќе мине најголем дел од својата дипломатска кариера во арапските земји, а во Тунис ќе службува во последните години од режимот на Хабиб Бургиба (1984- 1987). Имавме убави односи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Делуваше мошне авторитативно, но од него зрачеше доверлива срдечност, беше директен, јасен и транспарентен, совршен дел на големата американска дипломатска машинерија вешто и ефикасно распоредена на целата планета.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако во следните десет години ни тргне од рака за таа Западна Европа да ги врземе и 350-те милиони источноевропски потрошувачи, ќе имаме шанса одново да ги дефинираме условите на раст не само за Европа, туку и за целата планета.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Потоа ќе ги пополнат хотелите на целата планета.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Храмот на вредностите и ликовите за незгодите на историјата на односите меѓу идејата за хуманитетот и вистината за таа идеја е заснован така што од самиот почеток од посетителот бара соработка и размислување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Намерата на установата е да помогне во препознавањето на нетолерантноста на другите и онаа што се гнезди во нас.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Заснован е како изложба и мултимедиско искуство, што со помош на информатиката и интерактивните методи го запознава посетителот со развојот на цивилната правичност на целата планета, со нејзината нетолерантна историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)